СОНК најави генерален штрајк
СОНК најави генерален штрајк за 11 ноември, барајќи зголемувањето на платата да биде поголемо од 10 отсто и да се реализира од 1 јануари, беше посочено на денешната седница на Советот на СОНК.
Згора, СОНК даде рок од 15 дена како период за помирување.
Зголемувањето на платите во образованието беше предложено на средба во Владата меѓу премиерот Зоран Заев и министерот Арбер Адеми со лидерот на СОНК Јаким Неделков, одржана на 8 октовмри.
Синдикатот ќе даде одговор откако ќе ги добие мислењата од членството преку регионалните организации.