Жбогар:Ќе бидете посилни како дел од нашето семејство

Европската унија е заедница на поголеми и
помали земји, поединечно мали во однос на влијанието на светот, но како заедница, сите сме
силни. Ќе бидеме посилни со вас покрај нас, а вие ќе бидете посилни како дел од нашето
семејство. Ние како најголем донатор во земјата ќе ви пружиме уште поголема поддршка, има
толку многу работи што треба да се направат, со цел подобрување на животите на граѓаните.
Ова го порача амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар, синоќа на
свечена академија во Национална установа центар за култура Крива Паланка, по повод Денот
на ослободување на градот, беше прогласен за почесен граѓанин на овој град.
Рече дека ја претставува ЕУ во нашата земја, но бидејќи, како што рече, растел во земја во која
сите бевме едно, дава се од себе за денот кога повторно ќе бидеме едно во рамки на ЕУ.
– Обновената поддршка која ја ужива земјата се споделува подеднакво меѓу сите земји членки.
Целта на сите посети на високите претставници од нашите земји неодамна во Македонија
беше да се сподели напредокот постигнат во вашата земја. Го прифаќам ова признание во знак
на посеветеност на граѓаните на Крива Паланка кон се што Европската унија претставува и
застапува како едно од старите урбани места во земјата со историја, култура, кои ги негувате и
заштитувате.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password